Архитектура и градба - категорија

иверица повеќе

мн. иверици
Вид збор: Именка, женски род
Табла, штица добиена со пресување од лепило и иситнето дрво, иверки.
Англиски: particle board

играчница повеќе

мн. играчници
Вид збор: Именка, женски род
Место, просторија за играње, за коцкање, но и за забавување на децата.
Англиски: playroom
Примери:
Играчницата извршува специфична дејност со давање услуги на гости од странство и домашни гости, со организирање и приредување посебни игри за децата.

изградба повеќе

мн. изградби
Вид збор: Именка, женски род
градење, изградување
Англиски: construction Албански: ndërtim
Примери:
Зградата е во изградба.

изграден повеќе

Види и: изгради (св.)
инзградени
Вид збор: Придавка
Направен, изѕидан, целосно.
Англиски: built
Примери:
Изградената куќа не била вселена.

изгради повеќе

Види и: гради (несв.)
изградат
Вид збор: Глагол, свршен
Подигне, изѕида градежен објект.
Англиски: build Албански: ndërtoj
Примери:
Изгради куќа на крајот од селото.

изѕида повеќе

изѕидаат
Вид збор: Глагол, свршен
Со ѕидање подигне градежен објект, целосно, до крај.
Англиски: build
Примери:
Мајсторите на плацот изѕидаа куќа на два ката.

измалтериса повеќе

измалтерисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Малтериса до крај, целосно.
Примери:
Мајсторите ја измалтерисаа куќата.

илуминатор повеќе

мн. илуминатори
Вид збор: Именка, машки род
Дел од стаклен покрив на брод, вселенски брод и авион низ кој влегува светлината.
Албански: iluminator

инкрустација повеќе

мн. инкрустации
Вид збор: Именка, женски род
Украсување ѕидови и подови со разни видови камен или мермер; вметнување злато или сребро како украс на метална површина.
Англиски: incrustation

ископувач повеќе

мн. ископувачи
Вид збор: Именка, машки род
машина за копање
Англиски: digger
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш